Вести Култура

Жителите се жалат: Општина Центар не презема ништо за спречување на градежните активности на Водно

Фирмата „Маркеза“ добила одобрение за градба на Водно, врз основа на елаборат за геомеханички испитувања на земјиштето кои всушност не биле направени. За овој документ знаат од Општина Центар, но не преземаат ништо за поништување на одобрението, вели правниот застапник на жителите кои не се согласуваат таму да се изгради објект со две нивоа под и четири спрат над земја и со 20 паркиралишта. Градоначалникот Герасимовски вели општината нема ингеренции за таква истрага.

Овие фотографии го покажуваат исеченото зеленилото на Водно, на парцела над улицата „ Питу Гули“, каде фирмата „Маркеза“ од минатиот месец започна активности за изградба на објект со две нивоа под и четири спрата над земја и со 20 паркиралишта. Тоа е неприфатливо за соседите и резултат е на континуираната негрижа на општинската власт за јавниот интерес, вели правната застапничка на жителите на Водно.

Според неа, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски го погазил предизборното ветување дека на Водно нема да се гради.

„Маркеза“ тргна во градежен поход, врз основа на добиено одобрение за градба од претходниот градоначалник Богдановиќ, кое истекува следниот месец, а дадено е согласно ДУП-от за Капиштец и Водно кое Уставниот суд лани го укина. Одобрението е добиено со сомнителна документација за што актуелната власт знае веќе една година, но не го поништува, вели адвокатката Јошевска.

„Жителите таму се речиси сигурни дека тие испитувања наводно што се правеле на земјата воопшто не се направени , туку само е напишано дека се направени, што го прави елаборатот со невистинита содржина“, изјави Сузана Јошевска, правна застапничка на жители на Водно.

А, градоначалникот вели дека општината не е истражен орган.

„Ние постапуваме по документација која што се доставува. Таму има доставен геодетски елаборат, со потпис и печат и самиот геодет одговара за тоа што го доставил во општината“, изјави Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар.

„Маркеза“ гради на непристапен терен, без пристапен пат, а работниците користат тесен ограден премин за да стигнат до парцелата. Адвокатката Јошевска вели дека Општина Центар до сега требало да се изјасни дека дозволата за градба е ништовна без пристапен пат. А, Герасимовски ја повтори одлуката на Советот дека пристапен пат нема да се гради.

Жителите на Водно ќе покренат постапка за испитување на законитоста на целокупната документација, според која е добиено одобрението за градба на „Маркеза“. Фирмата доби дозвола за градба, согласно ДУП-от од 2014 година.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе