Вести Култура

Национална конференција за италијански јазик – Еден јазик, многу можности

Бројни можности кои познавањето на италијанскиот јазик ги нуди на професионален, културен и академски план, како во земјата, така и во странство беше темата на денешната национална конференција на која учествуваа истакнати претставници на образовните и културните институции, на општините и на локалните заедници, како и познавачи и љубители на италијанскиот јазик од повеќе професионални области. Секојдневно расте и бројот на оние кои го изучуваат италијанскиот јазик во основните и средните училишта, секако учењето на италијанскиот јазик на универзитетите има суштинско значење, забележа амбасадорот Силвестри.

„Имаме податоци дека над два милиона странци во светот се одлучуваат да го изучуваат нашиот јазик за да се доближат до нашето богато и креативно уметничко наследство. Всушност познавањето на италијанскиот јазик е голема можност за разбирање на нашата култура, да се живее според нашиот стил на живот каде што имаме елеганција, креативност и одржливост. Има голема врска меѓу италијанскиот јазик и made in Italy. Италијанскиот јазик е втор јазик, најчесто користен јазик во светот што се однесува до трговските реклами, а тоа не е случајно“,изјави Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во Македонија.

За големото и значајно влијание на богатата културна, научна и образовна соработка меѓу Македонија и Италија говореше и ректорот на УКИМ, проф. д-р. Никола Јанкуловски.

„Не е лесно да се измерат или да се оценат адекватно сите постигања што се остварени низ годините во рамките на студиите на италијански јазик и книжевност на УКИМ. Со гордост ја истакнуваме педагошката дејност, споменувајќи го импозантниот број на студенти на сите наставни групи што го учеле италијанскиот јазик на лекторатот, а подоцна и на катедрата“,изјави проф. д-р. Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ.

„Не нè зачудува предлогот за поостро санкционирање во функција за зачувување на италијанскиот јазик од странски зборови, особено од напливот на компјутерскиот речник во секојдневниот говор. Таков предлог имаме и ние со Новиот закон за македонскиот јазик со иста цел, да го зачуваме македонскиот јазик и да го пренесеме на нашите поколенија“, изјава Бисера Костадиновска- Стојчевска, министерка за култура

Претстојната „Недела на италијанскиот јазик и култура“ која се одржува традиционално во октомври ќе биде на тема италијанскиот јазик и одржливоста.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе