Вести Најважни Свет

Двајца и натаму критично, пет лица стабилни – состојба на повредените во вчерашното пукање во училиште во Белград

Тројца од четворицата ранети во Ургентниот центар во Белград се сосема добро, будни се и докторите разговараат со нив. Станува збор за двајца ученици и наставничка, изјави директорот на универзитетскиот Клинички центар Србија, професор доктор Милика Ашанин.

„Што се однесува до четвртиот пациент, тој е примен со тешки, комплексни прострелни повреди на градниот кош, на вратот и ‘рбетот. Врз него беа извршени две операции. Подобар е, буден е, но мора да бидеме многу внимателни и да квалификуваме дека состојбата е критична. Денеска ќе направиме серија на прегледи и снимки за да ги видиме ефектите од операциите“, изјави доктор Ашанин.

Директорот на универзитетската Детска клиника Тиршова, доктор Синиша Дучиќ рече дека две момчиња со прострелни рани во нозете, кои се сместени на таа институција, се стабилно, додека девојче е оперирано како итен случај, со повреди во главата, витално е загрозена и се наоѓа во критична состојба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца хоспитализирани, еден опериран – над 30 повредени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Утврдено зголемено ниво на арсен во водата за пиење во Валандово – граѓаните да не ја користат за пиење

Sasko Dimovski

Подолго време е потребна претпазливост во Гостивар, не знаеме што сè има во фекалното загадување, советуваат инфектолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе