Вести Култура

Потребни се дополнителни вештини за афирмација на младите визуелни уметници

Иако завршуваат високо образование, на нашите млади визуелни уметници им недостасуваат теоретски и практични знаења и вештини за работа, особено ако сакаат да аплицираат за меѓународни проекти. Еден од проблемите со кои се соочуваат е недостатокот на знаења поврзани со нивната уметничка презентација.

„Доста знаења што не ги добиваме во нашето формално образование. Од типот, како ние како уметници треба да се претставиме пред публиката, како добро да си го подготвиме нашето портфолио, биографија“, изјави Христина Крстеска, визуелен уметник и истражувач.

„Кога е поконкретна теоријата, многу полесно можеме да се фокусираме на она што треба да го работиме“, вели Крсто Глигоријадис, визуелен уметник, графичар и перформер.

Од Здружението „Факултет за работи што не се учат“, велат дека при контактите со младите уметници, околу организизацијата за доделување на наградата „Денес“, за автори до 35 години, откриле дека им недостасуваат и теоретско – критички анализи за тоа што го работат.

„Контекстуални пристапи кон она што нив ги инспирира. Некаква анализа на нивната практика и начинот на кој самите би можеле да ги артикулираат нивните уметнички позиции“, рече Ивана Васева, историчарка на уметност и куратор.

А, токму оваа тема, младите визуелни уметници денеска ја совладуваа од постариот колега Оливер Мусовиќ, во рамките на едукативната програма „Совршен уметник“, во организација на ФРУ. И тој се судирал со проблеми заради недостатоци во образовниот систем.

„Гледајќи од оваа перспектива, кој би бил најважниот предмет за време на факултетот, веројатно е англискиот јазик.Таа комуникација. Тоа недостасуваше“, рече Оливер Мусовиќ, визуелен уметник.

А, од ФРУ најавуваат дека годинава наградата „Денес“, за прв пат ќе ја доделат не на еден како до сега, туку на тројца млади уметници. Двајца добитници ќе одат на резиденција во странство, а за еден ќе биде организирана самостојна изложба.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе