Вести Култура

Откорната бистата на Славко Јаневски од алејата на поетите во Струга

Поради вандалски чин, алејата на поетите на кејот на реката Црн Дрим во Струга остана празна. Бистата на поетот Славко Јаневски е откорната од постаментот и украдена, алармираа од меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ (СВП). Случајот бил откриен вчера при проверка, а вандалите се обиделе, но не успеале да ги откорнат и бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин, кои останале расклатени, кажаа од „ СВП“.

„Најостро го осудуваме вандалскиот чин на кражба на бистата на нашиот истакнат поет Славко Јаневски, како и обидот за кражба на бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин. Настанот е пријавен во полиција од која очекуваме да ги открие и да ги казни сторителите на овој вандалски чин. Бистите на Ацо Шопов и на Сергеј Есенин превентивно ќе бидат дислоцирани, додека не се осигураат поцврсто и ќе бидат вратени на нивните оригинални локации“, изјави Тодорче Тасевски, директор на „ Струшките вечери на поезијата“.

Ваквите вандалски чинови ќе треба да се оневозможат во иднина со заеднички напори на „СВП“, Општина Струга и МВР, преку засилени мерки на обезбедување на оваа вообичаено фреквентна локација, како и со организирање кампањи за подигнување на јавната свест за значењето и угледот на Струга како светска престолнина на поезијата, велат од оваа поетска манифеставија. И апелираат, сите добронамерни граѓани и почитувачи на поезијата да помогнат со информации во однос на сторителите и пронаоѓањето на бистата.

Осуда за инцидентот стигна и од Општина Струга, од каде велат дека како мултиетничка, мултикултурна и мултирелигиска заедница во која постои кохезија меѓу сите граѓани, нема да дозволат да бидат жртви на вакви провокации.

„Најостро го осудуваме ова дејствие и ќе превземеме мерки за што поскоро решавање на овој проблем и нема да дозволиме да станеме шртви на вакви провокации за уништување на меѓуетничките односи во Струга“, велат од Општина Струга.

ОД МВР потврдија дека случајот бил пријавен кај нив и дека работат на пронаоѓање на сторителите.

Сличен вандалски чин се случи и на 1 октомври во 2021 година, кога бистата на македонскиот поет Анте Поповски беше откроната од постаментот и беше фрлена во Охридското езеро. Потоа беше санирана, зацврстена и вратена на постаментот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе