Спорт Фудбал

Шеикот Ал Тани најави нова понуда за Манчестер Јунајтед

На неполни две недели до истекот на рокот за достава на третата и завршна понуда за купување на Манчестер Јунајтед, катарскиот Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани најави дека во следниве денови ќе ја достави финалната понуда која се очекува да биде нешто повисока од претходните пет милијарди фунти.

Медиумите во Британија истакнуваат дека Шеикот Ал Тани останува на намерата да откупи 100% од акциите што го прави главен фаворит за преземање на Манчестер Јунајтед.

Вториот најсериозен кандидат милијардерот Џим Ретклиф добил покана за доставување на нова понуда, но се уште нема информација дали тој ќе остане во трката бидејќи тој е заинтересиран да откупи 60% од акциите што е во спротивност на очекувањата на семејството Глејзер.

Според последните инфромации од трката се повлече финскиот бизнисмен Томас Зилкаус кој остана на последната понуда и одбива да влезе во третиот круг.

Разврската околу сопственоста на Манчестер Јунајтед влегува во завршна фаза, но постои и мал проблем во семејството Глејзер каде има различни идеи за натамошниот развој на клубот.

Браќата Џоел и Аврам Глејзер и натаму инсистираат на продавање на дел до акциите и со новиот капитал да се инвестира во екипата додека oстанатиот дел од семејството Кевин, Едвард, Брајан и Дарси Глејзер се залагаат за целосна продажба.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе