Спорт Фудбал

Чеде Јаневски го раскина договорот со АЕЛ Лимасол

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Чеде Јаневски спогодбено го раскина договорот со кипарскиот тим АЕЛ. Нашиот стратег седна на клупата на тимот од Лимасол во септември минатата година.

АЕЛ го заврши регуларниот дел од сезоната на осмото место на табелата во кипарскиот шампионат, па продолжи да игра во плејаутот, односно да се бори за опстанок. Моментално тимот е во лоша форма и на последните 9 натпревари во сите конкуренции има само една победа.

Челниците на клубот и Јаневски одлучија да ја прекинат соработката спогодбено. АЕЛ сега е во потрага по третиот тренер сезонава, бидејќи во септември отказ заработи Хорхе Мануел  Ребело Фернандеш на чие место дојде токму Јаневски.

Македонецот во својата богата тренерска кариера освен македонската репрезентација ги водеше и Вардар, Црвена Ѕвезда, потоа белгиските Бриж, Мускрон, Васланд Беверен и Мускрон, а во Кипар работеше и во Енозис, Етникос Ахна и Олимпијакос Никозија.

За потсетување во тимот на АЕЛ игра и македонскиот репрезентативец Давор Здравковски, кој е еден од капитените.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе