Вести Македонија Најважни

Нема плаќање даноци и такси, гориво се точи во приватни возила, а крадците од општинската зграда во Арачиново ги украле фискалните сметки за угостителски услуги

Во Арачиново и натаму не се плаќаат даноци и комунални такси. Се гради и без дозволи за градба. Се трошат пари без покритие, а се отпишуваат и долгови кои треба да бидат вратени во општинската каса. Државните ревизори во најновиот извештај откриваат низа проблеми во работата на Општината.

Градоначалник во Општина Арачиново добил аванс од 200.000 денари од општинскиот буџет, но долгот не бил вратен. Крадци влегле во општинската зграда и ги украле само фискалните сметки за угостителски услуги.

Поради тоа Советот во 2021 година одлучува долгот на лицето кое управува со Општината да го отпише, откриваат државните ревизори. Во првите девет месеци од 2021 година, градоначалничка во Арачиново беше Миликие Халими, а во ноември и декември доаѓа Ридван Ибраими. Во извештајот на ревизорите не е точно прецизирано за кој период  се однесува овој аванс.

„Во текот на 2021 година е извршен отпис на побарувања по основ на дадени аванси врз основа на донесена Одлука за отпис на долг по основ на аванс земен од страна на одговорното лице во износ од 200.000 денари од Советот на Општина Арачиново, како последица од извршена кражба во просториите на општината од страна на непознат сторител, на фискални сметки за извршени угостителски услуги и репрезентација“, истакнуваат од ДЗР.

Во извештајот стои и дека во 2021 година биле исплатени надоместоци во износ од речиси 30.000 евра, на сите членови во Советот во Општина Арачиново. Парите се дадени без никакви докази за одржани седници и присуство на сите советници.

„Општината не води евидентни листи за присуство на советниците на одржаните седници на Совет, а исплатата на надоместоците се врши без месечни списоци за исплата изготвени од страна на претседателот на Совет. Од извршениот увид во записниците за одржани седници, ревизијата констатира дека во текот на годината одржани се вкупно 4 седници, а исплатен е надоместок за 12 месеци“, додаваат од ДЗР.

Државниот ревизор констатирал дека во 2021 година расходите за репрезенатција изнесуваат над 10.000 евра. Исплатата на парите се врши по доставени фактури и фискални, но без да биде наведен видот и намената за која услуга се направени – свечените деловни ручеци и коктели. Во извештајот се наведува и дека биле користени картички за точење на гориво од страна на неовластени лица.

Гориво се точело во возила кои не се во сопственост на Општината. Констатирано е и дека, се врешеле градежни работи без одборенија за градба, не се наплаќаат комунални такси за фирми за реклами, објави огласи и за користење на музика. А помалку се остварени и приходи по основ на даноци за специфични услуги во буџетот на Општината.

Државниот ревизор извештајот го доставил и до Општина Арачинов, но од таму не се добиени забелешки за истиот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во следните два месеца цените нема да дивеат, но во индустријата нема кој да работи

Дејан Дејан

(Видео) Украинците објавија снимка од апсење на руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе