Вести Македонија

Состојбата на пациентите со цистична фиброза се влошува додека го чекаат лекот Трикафта

Наместо Tрикафта, Игор Пехчевски секојдневно прима по седум шишиња венска терапија. Тој вели дека Велигденските празници ќе мора да ги помине на болничкиот кревет во детската клиниката, бидејќи поминааа само половина од предвидени 14 дена за терапија.

-За жал за празниците нема да бидам меѓу моите дома бидејќи ќе морам да бидам хоспитализиран до вторник, што е жална слика. Сакам политичарие да ги повикам да не се препукуваат на седниците туку да ни го набават лекот, вели Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза.

Додека да пристигне лекот Трикафта на пациентите со цистична фиброза им се влошува здравствената состојба. Тие молат за лекот. 12-мината од нив кои веќе го користат пред камерата на Телма упатија апел до надлежните што побрзо да пристигне лекот и за другите пациенти.

Јас почнав да го примам лекот пред еден месец и имаше огромни промени во мојата здравствена состојба. Почнав со 38% функционалност на белите дробови, а пред една недела кога ја подигав втората доза за терапија имав 62% белодробна функција, што е огромна разлика, вели Ивана Атанасоска, претседател на асоцијација за цистична фиброза.  

Молк од министерството за здравство, не се знае кога ќе пристигне нова доза од лекот и за колку пациенти. Во телефонски разговор за Телма директорката на детската клиника Фуштиќ објаснува дека изборот на пациенти кои ќе се лекуваат го вршат докторите од двете клиники, кои најдобро ја знаат состојбата на пациентите со цистична фиброза. Од сите 80- тина пациенти предност им се дава на тие со полоша белодробната функција, рече таа.

Во моментов лекот трикафта го примаат само 12 пациенти во државата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе