Вести Култура Македонија

Министерката за култура не си го одржа зборот, не изманипулира и нас и Здружението на џез музичари, велат од синдикатот на Филхармонијата

Доколку министерката за култура не ја промени одлуката, новиот Оркестар за џез музика да биде сместен во зградата на Филхармонијата, вработените по Велигден ќе излезат на протести и ќе бараат оставка од неа. Ова го кажаа денеска од Филхармонијата , незадоволни поради тоа што министерката им ветила дека Владата ќе ја промени одлуката, која остана иста и по вчерашната седница. Од Филхармонијата не прифаќаат двете установи да работат под ист кров поради недоволно просторни капацитети.

Министерката за култура не си го одржа зборот. Таа не изманипулира и нас и Здружението на џез музичари, со ветувањето на состанокот минатата недела дека Владата ќе ја смени одлуката за времено сместување на новиот Оркестар за џез музика во истиот објект. Ова го кажаа од Синдикатот на Националната филхармонија, незадоволни од односот на министерката Бисера Костадиновска- Стојчевска. Најавија и протести  по Велигден, со барање оставка од министерката, доколку одлуката не се промени.

  • Доколку не го стори тоа, ние вработените во Македонската Филхармонија ќе бидеме приморани да бараме одговорност, оставка од неа преку јавни протести- Владимир Лазаревски – претседател на Синдикатот на НационалнатаФилхармонијата.

Лазаревски читаше преписка со министерката по состанокот, во која им било ветено дека министерството ќе испрати соопштение до јавноста дека се менува одлуката за времено вдомување на ОЏМ во истите простории и дека министерката ќе ги извести за променетата одлука на Владата, по вчерашната седница. Но, тоа не се случи. Одлуката на Владата за времено вдомување до целосно оформување на ОЏМ остана иста, а револтираните вработени во Филхармонијата ја одбија министерката за денешниот состанок, за кој од Управниот одбор кажаа дека не добиле покана. Отсуството на просторни капацитети за двете установи под ист кров, е причина од Филхармонијата да ја отфрлаат одлуката. Не е исто Биг- бендот на ЗЏМ да одржува 2-3 концерти годишно овдека и 20-30, откако ќе биде сместен како нова национална установа, рекоа од Филхармонија.

  • Оваа Филхармонија не заслужува сега да и се узурпира работниот простор и да не може да продолжи сега да си ги обавува своите активности и да остане она што е- Зорица Каракутовска- претседателка на Управен одбор на Националната филхармонија.

Според директорката на Филхармонијата, Владата ја донела одлуката за сместување на Џез оркестарот во истиот објект без да ги консултира, а веста ја дознале од социјалните мрежи.

  • Ниту информација, ниту прашање, ниту збор. Ништо. Да, зградата е на државата и Филхармонијата, исто така. Ама не и музичарите, уметниците и ансамблот- Тина Иванова- директорка на Националната филхармонија.

Начинот на користиње и одвивање на активностите ќе биде во договор помеѓу НУ Национална филхармонија и НУ  Оркестар за џез музика, вели министерката со денешното соопштение.

  • Во интерес на културата, но поради фактот дека на вработените во Филхармонија им е најдобро познато чувството како е да се биде „кираџија“ во сопствената култура, убедена сум дека уметниците ќе најдат решение и ќе ги надминат овие непотребни и за публиката збунувачки реакции- Бисера Костадиновска- Стојчевска, министерка за култура.

Во Филхармонија работат уметници кои ќе бидат дел од Џез оркестарот, па во новонастанатата ситуација нарушени се и меѓучовечките односи. Проблемот треба да се решава институционално.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еден затвореник полесно повреден во инцидент меѓу две групи во затворот во Шуто Оризари

Дејан Дејан

Мицкоски во посета на штабот на Вреди – со Таравари разговарале за агенда и принципи за можно коалицирање

Дејан Дејан

Бегалците од кондовската група уапсени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе