Вести Економија Култура Македонија

Поради опасност за културното наследство од законските акробации за „Бехтел“ и „Енка“- археолозите на протест пред Собранието

Надзорен инжинер не е археолог, со ваков натпис еден од демонтстрантите на протестот пред Собранието бара пратениците да не гласаат за пакетот „Бехтел-Енка“ закони затоа што сметаат дека се става во опасност од уништување археолошкото и културното богатство на Македонија. Со измените предложени од владата за новооткриени археолошки и културни наоѓалишта се предлага за нив првични оценки да прави надзорот (конзорциум воден од италијанска компанија, но дополнет со контроверзни македонски играчи, фирма со сопственик бегалец од законот на Ерменија, фирма за долен веш и фирма со еднаш веќе изречена забрана за учество во вакви проекти).

Ги повикуваме претседателот Стево Пендаровски, Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, институциите од областа на заштитата, МАНУ и универзитетите, претставништвата на меѓународните организации за културно наследство во државава, граѓанските здруженија, правдољубивите граѓани и дипломатските претставништва, особено американската амбасада во Скопје, која со децении е клучен соујзник на државата во зачувување на културното наследство и подигнување на свеста на граѓаните за неговото значење преку бројните проекти финансирни со амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство, да се приклучат кон апелот да се повлечат спорните законски измени пред да биде доцна. Не постои начин, ниту било какви средства на светот што ќе можат да го вратат уништеното културно наследство, кое не е само наше, туку е светско и треба да го оставиме за идните генерации.

Оваа порака ја испратија денеска претставниците на Македонското археолошко друштво кое заедно со преставници на ИКОМОС недвижното културно наследство, мирно протестираа против носењето закони по скратена постапка заради олсенување на работата на компанијата „Бехтел и Енка“ на коридорите 8 и 10д.

– Денешниов јавен собир е апел до пратениците во Собранието на РС Македонија, до Владата, и целокупната јавност, да ја разбудат својата свест и совест и да спречат усвојување на измени во Законот за заштита на културното наследство со кои бескрупулозно и свесно се уништува културно наследство со катастрофални последици, во име на „поголем јавен интерес“, зад кој всушност се крие профитерска зделка од огромни размери. Со дрскиот и нетранспарентен предлог за дополнување на членот 65 од Законот за заштита на културното наследство, од страна на група пратеници во Собранието на РС Македонија по скратена постапка, се озаконува неповратно уништување на културно наследство под закрила на државата. Господа пратеници, дали сте свесни дека делницата Требеништа – Струга – Ќафасан е дел од светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, под заштита на УНЕСКО?  – велат од Македонското археолошко друштво.

Опасност и ризик претставува и тоа што за културното наследство на трасата ќе биде известувано МВР и полицијата, а не институциите за заштита на културното наследство, археолози, историчари на уметност и експерти.

– Имено, со предложените измени и дополнувања на членот 65 од на културното наследство се п (3) кој би овозможил, доколку за време на државно значење биде пронајдено археолошко наоѓалиште, односно предмет од археолошко значење, изведувачот на работите надзорниот инженер, заобиколувајќи ја постојната законска одредба истото да биде пријавено непосредно до Министерството за внатрешни работи. Со ваквата предложена измена и дополнување на овој член од Законот за заштита на културното наследство, се овозможува исклучување и дерогирање на компетентните стручни и надлежни инстанци за заштита на културното наследство, односно на институциите од системот за заштита кои се специјализирани, квалификувани и одговорни да преземаат мерки за заштита на наследството. Во нивна „замена“, како досега нечуен преседан, се предвидува овие надлежности да му бидат доверени на надзорен инженер, кој ја нема потребната стручност ни знаење да идентификува дали се работи за случајни откритија дали постапува на стручен начин со нив, ниту да примени соодветни стандарди за нивна заштита. Со ова, основано сме загрижени дека доколку се прифати ваквиот предлогзакон за измена на член 65 од Законот за културното наследство ќе биде изложено на директна опасност од уништување и негово трајно губење – велат од ИКОМОС.

– Дали Уставниот суд со донесување на одлука за непостапување на иницијативата на антикорупционерите направил „превид“ и дозволил еклатантно урнисување на правниот поредок во државава заради нечии профитерски амбиции? На крајот, господа пратеници, дали уништување на културно наследство е нашиот пат пат за ЕУ? – прашуваат археолозите.

Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети Македонија, кој е дел од ИКОМОС недвижното културно наследство, вклучувајќи го и археолошкото наследство, со голема загриженост реагира на Законот за заштита на културното наследство, Собранието од група пратеници на 3 април 20 постапка.

Договорот кој е склучен со „Бехтел“ и „Енка“ првично е склучен ссо ЈП за државни патишта во вредност од 1,3 милијарди евра за 108 километри автопат на коридорите 8 и 10Д. Но со измени на 9 закони на изведувачот му се даваат широки овластувања кои државата ќе ги плаќа и ќе чинат стотици милиони евра кои ќе паднат на сметка на граѓаните преку буџетот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе