Вести Култура

Костовски: Вработените од секторот култура во нерамноправна положба, со одобрение на првиот финансиер

Дождот не ги спречи да дојдат во масовен број. И да врне и да вее ќе бидеме тука додека не бидат исполнети нашите барања,  порачаа синдикалните организации на вработени во културните институции. Велат дека со својот несоодветен однос Владата ја потврди поделбата во јавниот сектор на државни органи кои се важни за неа и министерства кои треба тивко да си ја работат работата и да чекаат подобри времиња и изнаоѓање на системско решение.

  • Ова се разбира не се однесува на функционерите, тие немаат време за чекање, криза е, платите мора да се покачат, тие тоа го заслужуваат. За информација на јавноста, со покачувањето на платите на функционерите, со покачувањето на платите во вработени во одредени државни органи и во Собранието се врши повреда на членот 32 од Уставот каде е утврдено правото на соодветна заработувачка на секој вработен. Со други зборови, вработените од секторот култура, но и од сите останати сектори се ставаат во нерамноправна положба, со одобрение на првиот финансиер! вели Бранко Костовски  – претседател на Синдикалната организација при Министерството за култура

Според Костовски непристојно е веќе две недели ниту еден претставник на Владата да не најде време да ги прими. Револтот расте и протестите ќе бидат се помасовни, смета Деановски.

  • Имаме претставници на вработените од судовите и обвинителствата, имаме претставници наши членови, односно колеги веќе над 70 – 80  од Министерството за животна средина, Министерството за земјоделие, Министерство за транспорт и врски. Веќе одржавме колегиум со колегите од правосудството кои се спремни да излезат на штрајк, вели Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ

Во меѓувреме Телма упати прашања до Министерството за финансии зошто до сега министерот Бесими не ги прими на средба синдикалните организации на вработени во Министерството за култура, Управата за заштита на културно наследство и Агенцијата за филм и дали со тоа се потврдува ставот на УПОЗ за „важни “ и „неважни министерства“,но не добивме одговор.

На протестот денеска поддршка дадоа Синдикатот на културните работници и СОНК.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе