Вести Македонија Најважни

Од Украина купени, во Украина донирани – 12 борбени хеликоптери на Армијата заминуваат за Киев, АРМ во процедура за набавка на осум најмодерни

Дванаесет борбени хеликоптери од советско производство, во сопственост на Армијата на Македонија, заминуваат за Украина како донација, додека во Министерството за одбрана и во Генераштабот на АРМ тече процедурата за набавка на осум најмодерни борбени хеликоптери.

„Впрочем, се ослободивме од источно вооружување и опрема кое е старо, неперспективно и нефункционално, а од друга страна ја модернизираме армијата, значително ја подобруваме борбената готовност и интероперабилноста со нашите сојузници во НАТО“, рече начелник на Генералштаб на АРМ, Васко Ѓурчиновски.

Новите хеликоптерите би чинеле околу 214 милиони евра, за кои понуди стигнале од пет држави, САД, Канада, Франција, Италија и Полска. Од Министерството за одбрана брифираат дека набавката би се одвивала по принипот на договор влада со влада, а средствата за хеликоптерите би се исплаќале на повеќегодишни транши. Во пакет со хеликоптерите би било вклучено и нивно одржување, обука, делови. Армијата во моментов има со шест транспортни хеликоптери од кои три се доопремени и оперативни, а два се демонтираат и одат во Чешка на ремонт и доопремување.

„Една третина од одбранбениот буџет кој годинава изнесува рекордни 275 милиони евра е наменет за модернизација. Тоа е несомнене гарант дека нема да има застој во модернизацијата и дека сето она што било планирано се реализира“, вели министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

Модернизацијата на македонската армија која е започната во 2019 година, според проекциите и догорочниот план до 2032 година би чинела околу 900 милиони евра. Сепак од Министерството и Генералштабот брифираат дека во тоа голема помош земјава добива од стратешките партнери, па така само минатата година САД за таа намена издвоиле 137 милиони долари. Од Генерштабот велат дека е извесно оти САД ќе дадат и поддршка со која би се покрил трошокот за два од осумте нови борбени хеликоптери.

Министерката Петровска е на став дека модернизацијата на армијата на смее да запре, од каде нема да се кратат пари со евентуален ребаланс на буџетот.

„Со оглед на тоа дека голем дел од набавките се повеќегодишни набавки и за некои од нив можеби до крајот на годината нема да има финински импликации во буџетот, сме подготвени тоа да го разгледаме, меѓутоа на никаков начин нема да можеме да направиме отстапки од она што го имаме планирано и да скратиме или да прекинеме со набавка на опрема или вооружување за било какви други потреби“, рече Петровска.

Македонија идната година ќе го достигне прагот предвиден од НАТО за 2 проценти од БДП за финансирање на Армијата.

Македонија пак до денес на Украина и донирала од 24 до 30 милиони евра, во што се вклучени и тенкови од советско производство. Во контекст на советската и југословенска опрема со која располага Армијата, од Генераштабот велат дека е неупотреблива, поради која борбената готовност на моторните возила на Армијата е само 29 проценти.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе