Вести Македонија Топ вести

Македонија од земјоделска, станува увозно зависна за зеленчук – на пазарите доминираат производи од втора и трета класа од Грција и Албанија

Македонија од земјоделска, станува увознo зависна за зеленчукот. На градските пазари доминира зеленчукот од втора и трета класа, кој е увезен од Грција и Албанија и е со пониска цена од македонскиот, кој е, пак, прва класа и со подобар квалитет. Земјоделците коментираат дека намалување на површините е причина што расте увозот на кромодот, крставиците, доматите и пиперките. Токму поради тоа што немаме и доволно домашно производство на кромид, од денеска на Градскиот пазар во Штип достигна и рекордна цена од 100 денари.

Раководителот на Градскиот пазар во Штип, Димче Колев вели дека 90 отсто од крставиците и доматите се увозни. Забележува дека домашните производители, но и трговци од година во година се намалуваат и ги снемува од тезгите на пазарите, поради високите цени на репроматеријалите, енергенсите, но и иселувањето на младите од македонските села.

Сè уште се чекаат анализите дали ќе се замрзнат цените на земјоделските производи, кои пред Велигден вртоглаво растат.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе