Вести Култура Македонија

Владимир Милчин: Театарот во Македонија мора да почне да ја игра својата општествено одговорна улога

Театарските луѓе имаат одговорност пред времето и местото, каде се случува театарскиот чин. Театарот не е само забава и затоа театарот во Македонија ќе мора да почне да ја игра својата улога во нашето општество.

Ова го кажа режисерот Владимир Милчин, на денешната промоција на книгата „ Основните проблеми на режијата“,  од Хуго Клајн, одржана на ФДУ, по повод Светскиот ден на театарот. Ставот на Милчин, е базиран на учењето на неговиот професор Клајн, кој ја вовел категоријата функција на улогата на театарот.

„Според него театарот не смее да биде сам за себе си. Туку тој мора да има некоја улога во општеството. Мора да пренесува идеи, да разрешува конфликти. Значи, театарот не е нешто што се прави во некаква кула од слонова коска. Туку е нешто што е одговор на проблемите“ – изјави Милчин.

Во домашната порака , по повод Светскиот ден на театарот, што ја лиферува Македонскиот центар при ИТИ-УНЕСКО, првенката на Албанската драма од Скопје, Теута Ајдини- Јегени апелира да престанат драмите и трагедиите во светот и тие да се играат само на сцената како жанрови.

„Драмите, трагедиите, не треба да се одвиваат никаде на друго место освен на театарската сцена. Затоа кажете им на тие што го закрвуваат светот, секое наше противење се брои. И се разбира повелете в театар.“ – вели Теута Ајдини- Јегени .

На иста линија е и авторката на меѓународната порака, египетската актерка Самиха Ејуб. Нејзината порака ја пренесува нашата актерка Филарета Атанасова.

„Да застанеме сите заедно рака за рака, рамо до рамо, да вреснеме од длабочината на нашите гласови, како што сме навикнати да го правиме тоа на сцена. Да излезат од нас зборовите , будејќи ја совеста на целиот свет, барајќи ја во себе изгубената човечка суштина. Да си дозволиме да не напушти  ова непријатно опкружување на бруталност, расизам, крвави пресметки, едноумие, екстремизам“ – порача актерката Филарета Атанасова.

Овие пораки, традиционално вечерва се читаат низ театрите во светот и кај нас пред изведбите. А, со изведбата на претставата „ Тетовирани души“, во режија на Теа Ружин, ФДУ ја започнува програмата „ Тетовирани импресии“, која преку театар, филм, дискусии и музичка програма ќе го чествува ликот и делото на нашиот и светски драматичар Горан Стефановски.

Програмата ќе заврши на 27 април- роденденот на Стефановски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Удри со возило во капија на Белата куќа, почина на лице место

Дејан Дејан

Велигден-Христос Воскресе, Навистина Воскресе

Дејан Дејан

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе