Вести Македонија Најважни

Лога и даде една недела рок на опозицијата за работната група за уставните амандмани – Османи оптимист дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се предомисли

Министерот за правда, Кренар Лога, ја чека опозицијата уште една недела за да ја формира работната група за формулирање на уставните амандмани, додека шефот на дипломатијата, Бујар Османи, очекува дека опозицијата ќе се премисли околу уставните измени.

Лога под чија надлежност е работнат група вели дека е во контакт со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, за тоа кои прашањата би се разгледувале со отворањето на Уставот. Она што му недостига се експертските имиња за тоа од опозицијата.

„Верувам дека работната група за многу бргу, кажано денови или недели, ќе биде составена“, изјави Лога.

На списокот пак на уставни измени освен Преамбулата, според Лога, би се нашле и еврообврзницата, членувањето на министерот за правда во Судскиот совет, проблемот со вакуумот кој се создаде по распуштањето на Собранието во пандемијата, но и проблемот кој се создава во функционирање на министерствата во период на оставка на актулениот, до избор на нови министер.

„За сите овие прашања ќе треба да има консензус, но приоритет за нас останува Преамбулата во делот на вклучување на помалите заедници во државата“, рече Лога.

И додека Лога е оптимист дека прашање е на денови или можеби недели за формирање на работната група за уставните измени, Османи пак е оптимист дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се осмели да го притисне црвеното копче во Собранието и да ја стави земјата во изолација. Фактор за премислување на опозицијата тој гледа во европската дипломатија, но и во македонските граѓани.

„Мислам дека околу уставните амандмани е создадена една аура од конспиративни теории за тоа што тоа може да носи како ризик за државата, нацијата, идентитетот и т.н. Мислам дека полека ќе се разголи сета таа пропаганда околу уставните измени кога граѓаните ќе ги прочитаат сами. Партиите го злоупотребуваат стравот на граѓаните само заради партиски цели, не заради интерес на држават. Немаат ниту еден аргумен, зошто се против“, изјави Османи.

Османи е на став дека доколку ова прашање со уставните измени не се реши сега ќе се решава за десетина година во многу понеповолни услови за Македонија.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе