Вести Македонија Најважни

Ново барање за екстрадиција со ветување дека Груевски ќе ја добие најдобрата затворска соба

Чевртти министер за правда по бегството на екс премиерот Никола Груевски и најава за второ барање за екстрадиција.

Кренар Лога ги продолжува ветувањата на своите претходници и уверен е дека ќе ги убеди властите во Будимпешта дека на Груевски треба да му се суди во земјава.

Ќе ги образложи останатите 9 предмети во кои се гони поранешниот премиер, а на властите во Унгарија им ветува дека Груевски ќе ја добие најдобрата ќелија во истражниот затвор Шутка.

На денешното прво соочување со медиумите, Лога во долг брифинг со новинарите објасни дека ќе бара враќање и на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски, како и дуото осудени во „Монструм“, а со Косово ќе соработува ако постојат правни можности осудените за тероризам во Диво Насеље казните да ги доодлежат во Приштина.

Само неколку недели во министерската фотеља, Лога почнал да пишува дописи за евентуални пропусти на судии.

Очекува смена на неколку закони, но кога требаше да потврди дали ќе има ветинг тој ретерираше дека иако политичките партии се ЗА, без амин од меѓународните фактори таков процес не може да се почне.

Утре е денот кога комисијата во министерството треба да одлучи дали бугарскиот клуб „Цар Борис“ треба да го промени името кое според комисијата за заштита од дискриминација, овој назив наведува и дискриминира, а Централен регистар чека потврда од правда за да го избрише.

Но, Лога не се меша ниту во затворскиот систем кој е во ек на скандали. Обидот за филмско бегство е во раце на обвинителството, ретерира Лога.

Додека обвинителството копа по докази кој и колку долго копал до слободата, и управата за санкции со своја истрага. Затаила безбедноста или чувари зеле мито треба да се докаже и со дисциплински постапки.

Сепак, сомнежите на затворските власти се дека тунелот е многу постар од неколку месеци, а на оваа идеја за бегство се работело со години, неофицијално отркива директорт на управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе