Вести Македонија Најважни

Ковачевски: Членството во НАТО е вистинска одлука

Поддршка на Македонија за Украина, хибридните напади и моменталната состојба во регионот на Западен Балкан кој стана поле на натпревар на геополитички наративи по руската агресија беа во фокусот на обраќањата на премиерот Димитар Ковачевски и шефот на дипломатијата Бујар Османи на традиционалниот НАТО појадок со амбасадорите на земјите членки а по повод одбележувањето на НАТО деновите во Македонија и тригодишнина од приемот во Алијансата.

Премиерот Ковачевски, пред присутните диломати нагласи дека со членство во Алијанската Македонија повеќе не е сама а влезот во НАТО е излез од несигурност.

Во своето обраќање, шефот на дипломатијата ја истакна улогата на Македонија во регионалната стабилност и безбедност преку претседателството со Јадранската повелба но и претседавањето со ОБСЕ за поширокиот регион.  Тој ја реафирмираше поддршката на Македонија за Украина.

Пред присутните дипломати се обрати и амбасадорката на Украина во државата Лариса Дир, која го потенцираше значењето на воената помош што пристига од голем број на држави во светот неопходна за организирање на одбраната.

И премиерот Ковачевски и министерот Османи пртед присутните истакнаа дека Македонија заклучно со 2024 година ќе успее да ги исполни стандарите и да обезбеди буџет за одбрана во висина од два отсто од бруто домашниот производ.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе