Вести Македонија Најважни

Патарините лани наплатиле 53,2 милиони евра, најчест начин на плаќање е во кеш

Над три милијарди денари или 53,2 милиони евра се наплатени лани на македонските патарини, што е за 6,6 милиони евра повеќе од 2021 година, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПД).

„Најпрофитабилна“ е патарината Романовце, каде според податоците на ЈПД, бил остварен промет од 400.174.788,00 милиони денари. На патарината Миладиновци се инкасирани 266.361.767 милиони денари, Глумово – 258.299.622, Градско – 248.125.247 денари, Желино – 244.476.653 денари, Гевгелија – 236.866.875 денари, Петровец – 205.967.358 денари, Тетово – 201.158.821 денари, Сопот – 195.984.192 денари, Отовица – 188.054.352 денари, Демир Капија – 172.813.622 денари и Гостивар – 164.536.337 денари.

Прометот, пак, остварен од електронската наплата на патарина преку продажба на електронски уреди и нивни надополнувања во АМЦ центарот изнесува 333.106.598 денари.

Од почетокот на воведувањето на електронската наплата на патарина, од јули 2019 година па сè до 1 март годинава, електронската наплата бележи постојан раст како во продажба на електронски уреди, така и во нивно надополнување.

Од ЈПДП велат дека учеството на електронската наплата веќе надминува 30 проценти од вкупната наплата, во делот на наплатните каде функционира електронската наплата.

Најчест начин на плаќање патарина сè уште е во кеш, со нешто над 55 проценти од плаќањата.

Во тек е постапка за техничко и финансиско усогласување за спроведување на интероперабилност во електронска наплата на патарини во рамки на Отворен Балкан, откако на самитот во Охрид беше договорено да се воспостави единствен систем за електронска наплата (ENP) во Србија, Северна Македонија и Албанија.

Со тој систем возачите патарината ќе ја плаќаат електронски, со уникатен ТАГ уред. Новиот начин на плаќање патарина треба да го растовари протокот на возила на наплатните рампи.

Според најавите од надлежните институции, до зачленувањето во ЕУ на државава треба да биде воспоставена целосна дигитализација на патарините, односно начинот на којшто ќе се наплаќа таксата за патарина ќе биде дигитализиран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе