Вести Македонија Најважни

„Огнените“ со листа на разрешени партиски кадри по налог на Груби

„Ураганот“ кој го најави Ахмети на партискиот митинг во Чаир досега однесе петанесетина партиски функционери блиски од т.н. „огнена група“ кои се разрешени од функциите во државата администрација. Истовремено Ахмети продолжува со бетонирање на неговите позиции во партиските структури поставувајќи лојални соработници во партиските тела во Општините кои ги ракјоводат лидерите на „огнената група“.

Огнените денеска повторно го вперија прстот во вицепермиерот Груби кој според нив стои зад „политичката елиминација“ на неистомислениците за да ја спаси својата како што тврдат „незаслужена фотеља“ Обвинија дека не можејќи да го контролира гневот користи „клеветнички поратли“ како мегафони.

На фотографијата која денеска ја објавија опонентите на Груби се единаесет сега веќе поранешни партиски функционери во државната администрација зад чие разрешување велат дека стои токму вицепремиерот.

Тука се заменик министерот за одбрана, Башким Хасани, за кого сметаат дека е разрешен иако немало забележи за неговот работење и бил клучен во победите на локалните оизбори во Гостивар, Ресми Ејупи државен скеретар во труд и социјала, Аднан Ејупи државен секретар во министерството со кое раководи Груби, Селмани од „М-НАВ“ и неколкумина директори на клиники и установи

„Овие луѓе никогаш не кажале лош збор за Али Ахмети, ниту пак сега кажуваат, но ѓаволноста на Артан Груби и злоупотребата на медиумите под негова контрола, успеа да ги упати сите обвинувања кои беа против него, за апсолутни неуспеси во секоја област, да ги адресира како обвинувања кон Али Ахмети. Сите разрешени, а и оние кои не може Артан Груби да ги разреши, предупредија дека овој човек има за цел да ја уништи ДУИ одвнатре, работи за своите луди амбиции, на штета на сите процеси кон албанската заедница во Македонија и во регионот“ – велат од Огнената група.

Огнените во денешното соопштение му поставија директно прашање на Груби, каде ќе оди откако тој ќе биде разртешен.

А претседателот на партијата Али Ахмети, продолжува кадровската политика лично именувајќи  координатори во Општините каде што градоначалници се припадници на „огнената група“. Откако во Чаир за координатор беше поставен Бујар Османи, што наиде на жестока реакција од градоначалникот Ганиу, од вчера координатор во Општина Сарај каде што градоначалник е еден од лидерите на „огренета грпа“, Блерим Беџети, коориднатор е поранешнито фуинкционер Рафиз Алити.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе