Вести Македонија Најважни

(Фото) Телма дознава: Каде затворениците ја фрлале земјата од ископаниот тунел и како го подготвувале бегството?

Осудените лица од затворот Идризово осмислиле добар план. Од овие простории започнале да го копаат тунелот, а пристап до нив имале само кога биле на пауза за шетање. Затворската полиција ретко, или никогаш, не влегувала во овие објекти. Дел од ископаната земја од тунелот според фотографијата која ја доби Телма била фрлана во најлонски кеси во просторот за смет. Врз кесите со земји биле фрлани најразлични отпадоци за да се прикрие копањето. Било лесно затоа што во близина имало градилиште и мини затворска депонија со контејнери. Бегството од Идризово за разлика од филмската приказна за Шошенк пред да биде завршен тунелот.

Но слично е што затворениците користеле греди и кабел со сијалица за да им свети додека копаат под земја.

МВР и обвинителството трет ден истражуваат и не даваат официјални податоци. 8-мина затвореници засега се осомничени, а издржувале долгогодишни или доживотни казни.

ТЕЛМА со дигитална проверка на јавно достапни податоци утврди дека тунелот е откриен во близина на затворската депонија. Тунелот почнувал во поранешната работилница која се наоѓа до главната затворска зграда во затворениот дел на затворот Идризово.

Оттаму тунелот се простира во правец на југоисток, а ископаниот дел стигнал речиси до ѕидините на затворот. Тунелот за да биде успешен потфат за бегство, требало да продолжи под ѕидот односно во тој дел да биде подлабоко ископан.

Зад ѕидините на овој потег на Идризово се наоѓа отворено поле. Десно или десетина метри кон север се наоѓа паркинг просторот за складирање на одземени автомобили, а на стотина метри исто така на север се наоѓа и новоотворената дигитална судница планирана за одржување на судски рочишта за обвинети за најтешки и најсериозни кривични дела како и за тероризам.

Кон југ е отворен простор со полиња кои припаѓале на затворската економија. На 200 метри јужно од местото за обид за бегство е реката Вардар.

Тунелот го проначле работници,а подоцна го открила и затворската полиција. За познавачите непрофесионализмот и партискиот кадар доведуваат до пропусти, а затворениците ги користат овие слабостите на системот.

За сега веќе разрешениот директор на затворот Идризово Шпенд Тахири, пронаоѓањето на тунелот во Идризово е успех, а мотивот за негово разрешување бил политички реваншизам. Премиерот Ковачевски го разреши Шпенд Тахири,а на негово место го назначи Зоран Јовановски. КПД „Идризово“ е најголемиот затвор во земјава каде казна одлежуваат лицата со најтешки кривични дела.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со измени на деловникот Судски совет ќе спречува држење на предмети во фиока по година до две

Дејан Дејан

Пукна цевка од парно на третиот кат на Токсикологија

Дејан Дејан

Поскапува регистрацијата на возилата, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе