Одредени се и четвртфиналните двојки во третото по ранг европско клупско натпреварување, Конференциската лига.
Еден од фаворитите за освојување на трофејот Вест Хем ќе се соочи со Гент, Фиорентина во првиот натпревар патува во Полска на дуел со Лех.
Победниците во овие мечеви ќе се сретнат во полуфиналето и ќе решаваат за пласман големото финале што ќе се одигра на седми јуни во Прага.
Базел во четвртфиналето за противник го доби францускиот претставник Ница, а победникот од овој двобој за настап во решавачкиот дуел за трофејот ќе се сретне со подобриот од натпреварот меѓу Андерлехт и АЗ Алкмар.
Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 13 и 20 април, а полуфиналето е на програмата на 11 и 18 мај.
ФОТО: Игор Паневски
