Спорт Фудбал

Пикси со неколку изненадувања во составот на Србија

Драган Стојковиќ Пикси, селекторот на фудбалската репрезентација на Србија за претстојните квалификациски дуели за пласман на Европското првенство против Литванија и Црна Гора реши да повика неколку нови имиња во однос на составот што настапи на последното Светско првенство.

Стојковиќ се откажа од услугите на Немања Максимовиќ, Дарко Лазовиќ, Срѓан Бабиќ и Милош Вељковиќ, а се реши да им даде шанса на играчи од домашното првенство.

Големо изненадување е повикот за голманот на Раднички Ниш, Драган Росиќ и дефанзивецот на ТСЦ, Немања Стојиќ, а тука е и Страхиња Ераковиќ од Црвена Звезда.

Србија на 24 март во Белград ја пречекува селекцијата на Литванија, а на 27 ја очекува гостување во Подгорица и дуел со Црна Гора.

СОСТАВ:

ГОЛМАНИ: Вања Милинковиќ Савиќ (Торино), Предраг Рајковиќ (Мајорка), Марко Дмитровиќ (Севилја), Драган Росиќ (Раднички Ниш).

ОДБРАНА: Никола Миленковиќ (Фиорентина), Страхиња Ераковиќ (Црвена Звезда), Немања Гудељ (Севилја), Ерхан Машовиќ (Бохум), Немања Стојиќ (ТСЦ), Страхиња Павловиќ (Салцбург)

СРЕДЕН РЕД: Филип Костиќ (Јувентус), Филип Младеновиќ (Легија), Иван Илиќ (Торино), Урош Рачиќ (Брага), Саша Лукиќ (Фулам), Марко Грујиќ (Порто), Андрија Живковиќ (ПАОК), Немања Радоњиќ (Торино)

НАПАД: Филиш Ѓуричиќ (Сампдорија), Сергеј Милинковиќ Савиќ (Лацио), Душан Тадиќ (Ајакс), Лазар Самарџиќ (Удинезе), Александар Митровиќ (Фулам), Лука Јовиќ (Фиорентина), Душа Влаховиќ (Јувентус), Дејан Јовељиќ (ЛА Галакси)

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе