Спорт Фудбал

Де ла Фуенте со 15 нови имиња ги почнува квалификациите за Евро 2024

Новиот селектор на репрезентацијата на Шпанија, Луис Де ла Фуенте го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за почетните натпревари од квалификациите за Европското првенство.

Де ла Фуенте уште на првиот собир се реши да отвори ново поглавје во националниот тим и во однос на последното Светско првенство каде Црвената фурија го заврши настапот во осминафиналето повика 15 нови фудбалери.

За разлика од неговиот претходник Луис Енрике, Де ла Фуенте ја намали бројката на играчи кои го носат дресот на Барселона, а повика неколку фудбалери на Реал Мадрид.

Во репрезентацијата поради повреди ги нема голманот Унаи Симон и Сезар Азпиликуета како и Серхио Бускетс кој се повлече од настапите за националниот тим.

За разлика од последниот Мундијал на списокот ги нема пред играчите на Барселона, Ерик Гарсија, Жорди Алба, Феран Торес и Ансу Фати, а изземени се уште две ѕвезди на Атлетико Мадрид, Љоренте и Коке.

Шпанија во првите два натпревари од квалификациите за Евро 2024 на 25 март игра против Норвешка, а три дена подоцна и гостува на Шкотска.

СОСТАВ

ГОЛМАНИ: Кепа Аризабалага (Челзи), Роберт Санчез (Брајтон), Давид Раја (Брајтон)

ОДБРАНА: Дани Карвахал (Реал Мадрид), Педро Поро (Тотенхем), Давид Гарсија (Осасуна), Ејмерик Лапорт (Шпанија), Начо (Реал Мадрид), Ињиго Мартинез (Атлетик Билбао), Алехандро Балде (Барселона), Хозе Гаја (Валенсија)

СРЕДЕН РЕД: Родри (Манчестер Сити), Мартин Зубименди (Реал Сосиедад), Гави (Барселона), Фабјан Руиз (ПСЖ), Микел Мерино (Реал Сосиедад), Дани Себаљос (Реал Мадрид), Педри (Барселона).

НАПАД: Алваро Мората (Атлетико Мадрид), Дани Олмо (Лајпциг), Нико Вилијамс (Атлетик Билбао), Хозелу (Еспањол), Јаго Аспас (Селта), Џерар Морено (Вилјареал), Брајан Хил (Севилја), Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад)

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе