Спорт Фудбал

1,55 милиони барања за влезници за првиот натпревар на Аргентина по триумфот на СП

Светскиот шампион во фудбал, репрезентацијата на Аргентина на 23 март во Буенос Аирес против селекцијата на Панама ќе го одигра првиот натпревар по триумфот на Светското првенство во Катар.

Мечот во аргентинската престолнина предизвика вистинско лудило во земјата бидејќи 1,55 милиони луѓе сакаа да купат влезница за овој меч.

Интересот беше огромен и меѓу претставниците на медиумите, а до прес службата на Аргентинската фудбалска асоцијација пристигнаа 131.000 барања за акредитации.

Натпреварот против Панама ќе се одигра на стадионот Монументал во Буенос Аирес кој има капацитет од 83.000 места, а влезниците се продаваа по цена од 59 до 214 долари.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе