Ракомет Спорт

Недановски: Подготвени сме за победа против Татран

Ракометарите на Вардар в петок во Скопје ќе го одиграат третиот натпревар од новото издание на СЕХА лигата.

Противник на македонскиот шампион е Татран Прешов, кој во првиот дуел во Словачка беше поуспешен и забележа победа од 27:23.

Црвено-црните во второто коло на домашен терен успеаа да го совладаат Партизан, а предводникот на Вардар смета дека екипата е подготвена за нова победа и атак на првото место во групата.

“Пред десет дена одигравме натпревар со истиот ривал. Таму имавме уморни и нови играчи кои не беа доволно уиграни. Отворивме добро, имавме предност, но потоа и пад. Имавме и добри и лоши моменти во нападот и одбраната, но тој беше прв во СЕХА. Репрезентативците добија заслужен одмор, кој навистина им требаше, а потоа имавме неколку тренинзи во комплетен состав. Мислам дека сме подготвени за натпреварот во петок, ќе направиме анализа и ќе гледаме видео денеска, секако дека одиме на победа. Дали ќе биде над четири гола разлика колку што загубивме таму ќе видиме во петок, но ќе направиме се за да се бориме за првото место во групата. Мислам дека овој натпревар ќе биде далеку подобар од оној во Словачка. Имаме повредени играчи, Моралес влече повреда, но тоа е што е. Дополнителен проблем е, но повредите се составен дел од спортот. Во првиот дел од сезоната немавме голем ростер, но сега имаме и новите ракометари од тренинг на тренинг се подобри и подобри”, изјави Недановски на денешната пред конференција.

Мечот в петок се игра во салата на СЦ Јане Сандански и почнува во 18 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе