Вести Македонија

На огласот за професори за Математичко-информатичката гимназија избрани професори без критериуми

Во државната Математичко-информатичка гимназија се избрани нови професори за стручните предмети кои не ги задоволуваат критериумите, неопходни за да им предаваат на учениците со напредни знаења во тие области. За ова денеска реагираа ученици, но и одбиени професори на последниот конкурс. Учениците се револтирани зашто честите смени на професорите се одразуваат негативно врз нивните знаења и подготовките за натпреварите. Велат, на конкурсот не биле примени компетентни професори од ФИНКИ или ПМФ кои им предавале во минатото и од кои тие се задоволни. Но, директорката на гимназијата за тоа нема слух.

„Ние сметаме дека на место на нашите стари професори доаѓаат други кои имаат послаби квалификации во однос на критериумите што се потребни за работа во оваа гимназија. Ние разговаравме со директорката . Таа е запознаена со проблемот, но не добивме никаков одговор“, изјави Емилија Николовска, ученичка во трета година во МИГ.

Професорот на ФИНКИ, Миле Јованов две години хонорарно предавал во МИГ. Но, на последниот конкурс  е одбиен, без образложение.

„Само известување да ги подигнам документите и дека не сум примен. Тоа е тоа“, вели Миле Јованов, претседател на Здружението на информатичари.

Конкурсот без јасни критериуми траел три дена. Бил објавен само на сајтот на МИГ. За него не биле известени ниту профори од Институтот за математика, ниту други универзитетски професори, математичари.

„Полош оглас немам видено. Не пишува што документи треба да се донесат тука. Грешат што е истакнат стручњак. Треба еден од тие услови да ги исполнува, а не сите. Башка што има грешки како се дефинира тој поим. Треба на друг начин, за да не може да се провлече некој што не е толку истакнат стручњак како истакнат стручњак“, истакна Зоран Мисајлески од УКИМ.

Иако ја побаравме директорката на МИГ, Јулијана Гајдаџиева да каже за спроведениот конкурс, таа не одговори на повиците. А, на дел од медиумите собрани пред гимназијата им кажала да излезат и да ја затворат вратата.

Од МОН со одговор дека по завршување на рокот од последниот објавен оглас, разгледани се сите документи на кандидатите кои навреме доставиле комплетна документација и дека изборот е извршен согласно критериумите за ангажирање на истакнати стручни лица, со договор на дело.

Незадоволни од ситуацијата, учениците од МИГ вчера ја бојкотираа наставата, а дали бојкотот ќе продолжи, ќе зависи од исходот на денешниот состонок на директорката и Советот на родители.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Комарците ќе касаат без контрола ако нешто не се преземе – Град Скопје поништил дел од тендерот за прскање

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Дел од ромските набљудувачи имале закани на избирачките места – бараат поголема безбедност на претстојните избори или се повлекуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе