Ракомет Спорт

РФМ ја предаде донацијата од 1,3 милиони денари на „СОС Детско село“

Ракометната федерација на Македонија ги донираше парите собрани од големиот ракометен спектакл, што се одржа на 3.јануари годинава во чест на поранешните македонски легенди. Се одигра натпревар помеѓу поранешните репрезентативци и актуелната репрезентација на Македонија пред преполните трибини на арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Овој настан беше од хуманитарен карактер, бидејќи парите собрани од продажбата на билетите беа наменети за „СОС Детско село“. Делегација на РФМ, предводена од претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски денеска и официјално ја предаде донацијата, која изнесува 1.372.550 денари.

„Трошоците за реализација на настанот, покриeни се од страна на Ракометната Федерација на Македонија и нејзините спонзори“, се вели во соопштението на РФМ.
„Посебна благодарност во оваа насока, Македонската куќа на ракометот, би сакала да упати до: „Триглав Осигурување“, „Алкалоид“ АД Скопје, „Халк Банка“, „Пивара“, „Никоб“, „Македонската Телевизија“, „ТВ Телма“, „Проевент“ и „КЛС“, како и до сите македонски уметници, компании и  индивидуалци кои сесрдно ја прифатија поканата за учество во настанот без авторски или друг вид на надоместоци.

Ракометната Федерација на Македонија во оваа прилика би сакала посебно да се заблагодари на бројната публика во арената „Борис Трајковски“. Спектаклот „Сите Ѕвезди за СОС Детско село“ го славеше ракометот, го славеше спортот. Победи човечноста и хуманоста. Заедно покажавме дека македонската нација е хумана, а спортот има посебна моќ да нѐ вивне во височините и да ни пружи уникатна доза на среќа“, велат од куќата на ракометот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе