Ракомет Спорт

Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП

Најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја доби честа да го суди финалето на Светското првенство во ракомет.

Македонскиот двоец вечерва во Теле2 арената во Стокхолм ќе ја дели правдата на дуелот во кој Данска ќе се обиде по трет пат во низа да се качи на највисокото место на подиумот додека Триколорите атакуваат на седмото мундијалско злато или да се вратат на тронот по пауза од шест години.

За Начевски и Николов ова ќе биде прво финале во кариерата откако претходно беа делегирани за финалните мечеви на Европскиот шампионат и Олимписките игри.

Дуелот за златниот медал на Светското првенство почнува во 21 часот, за 18 е закажан почетокот на натпреварот за третото место во ќе се соочат селекциите на Шпанија и Шведска.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе