Вести Свет Топ вести

Кој е Денаро, последниот „кум“ на сицилијанската мафија кого го уапсија италијанските карабинери?

Матео Месина Денаро, последниот „кум“ на сицилијанската мафија и еден од најозлогласените и најбарани криминалци во светот, е уапсен во специјална акција на италијанските карабинери во Палермо по 30 години минати во бегство. Шефот на „Коза Ностра“ е приведен во приватната клиника „Мадалена“ во која, наводно, се лекувал од тумор најмалку една година. Британски „Гардијан“ го опишува како човек кој го има „клучот“ за некои од најгнасните злосторства што ги направил сицилијанската мафија. Меѓу нив и бомбашките напади во кои беа убиени познатите обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино.

Роден е на 26 април во 1962 година на Сицилија во познатата мафијашка фамилија Денаро. Неговиот татко Франческо Месина Денаро, познат како Дон Чичио, беше шеф на мафијата Трапани.

„Би-Би-Си“ пишува дека Денаро со години бил симбол на неспособноста на државата да допре до највисоките инстанци на организираниот криминал. Неговото апсење сега дојде како неочекуван знак за надеж дека мафијата може да се искорени и во јужните региони на земјата во кои се смета дека државата во голема мера е отсутна и неефикасна. Во болницата во Палермо, како што пренесуват медиумите во Италија, се лекувал под лажен идентитет, како Андреа Бонафеде, но вистинскиот го открил веднаш по апсењето.

Во апсењето на Денаро учествувале над 100 припадници на оружените сили. На снимките што ги објавија медиумите на Апенините се гледаат како луѓе стојат на улица и аплаудираат на италијанската полиција. Веста за неговото приведување предизвика внимание во целиот свет. Премиерката Џорџа Мелони го опиша апсењето како „голема победа на државата која покажала дека никогаш не се предава во соочувањето со мафијата“.

Познат по прекарите „Слабиот“ и „Диаболик“, Денаро се смета за еден од новите водачи на „Коза Ностра“, улога за која се верува дека је презел по апсењето на Бернардо Провенцано. Најмоќен, пак, меѓу нив станал по апсењето на Салваторе ло Пиколо. Беше во бегство од 1993 година, по апсењето на тогашниот „капо ди тути капи“, Салваторе Тото Рина, во екот на терористичките напади на „Коза Ностра“ врз италијанските институции и цивили во кои и самиот учестрвуваше.

Цели три децении се провлекуваше на надлежните органи. Потрагата и неговото лоцирање беа отежнати, бидејќи не постоеја никакви понови фотографии.

Во отсуство е осуден на доживотна затворска казна за убиствата на главните обвинители за борба против мафијата – Фалконе и Борселино во 1992 година. Но, и за бомбашките напади во Милано во 1993 година во кои загинаа 10 лица, а 93 беа повредени, како и за киднапирање, мачење и убиство на 11-годишен син на мафијаш со статус на заштитен сведок.

Мафијашкиот шеф, како што објавија италијанските медиуми, бил омилен меѓу жените од кои добивал голем помош во изминатите 30 години. Една од нив – Матеа Меси, дури е осудена за помагање, бидејќи го криела во нејзината куќа додека бил во бегство, пренесува весникот „Месаџеро“. Покрај неа, како негови главни помагачи се споменуваат и Франческа и извесна Андреа од Австрија. Италијанскиот весник додава дека Денаро бил најдолго во врска со Меси која била уапсена благодарение на пресретнат телефонски разговор и љубовна порака.

Од врската со Франческа Алања ја има ќерката Лоренца, а во медиумите можеа да се пронајдат информации дека Денаро има и син, но освен тоа дека е можеби роден во 2004 година или во 2005 година, речиси ништо повеќе не се знае.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе