Балкан Вести Свет Топ вести

Тензии меѓу Белград и Подгорица пред Самитот со ЕУ во Тиват – тајната служба го советува Вучиќ да не патува

Утринава долги колони на возила има на граничните премини меѓу Србија и Црна Гора. Дел од медиумите во Србија објавија дека на граничните премини со Црна Гора се спроведува детална безбедносна контрола,  а околу 30 државјани на Црна Гора биле задржани на аеродром во Белград откако синоќа слетале од Подгорица.

Тензиите меѓу двете држави се случуваат пред Самитот со ЕУ кој ќе се одржи утре,  а на кој треба да присуствува претседателот на Европскиот совет Кошта и премиери и претседатели на земји од Западниот Балкан. Властите во Црна Гора уверуваат дека ќе направат сè Самитот да помине мирно и без инциденти. Кошта денеска е во посета на Србија.

Поради безбедносни причини, црногорските власти вчера вратија чартер лет од Белград, откако при проверка на патниците утврдено е меѓу нив има и лица со криминални досиеја. По ова следуваше бурна реакција од српските власти која кулуминираше со воведување на детална безбедносна контрола на границиите со Црна Гора, поради што има долга колони на возила на границите.

Вечерта се огласи и српската безбедносна информативна агенција – однсоно тајната полиција која јавно го предупредува Вучиќ да не патува „поради непријателското дејствување на странски служби и криминални кланови во Црна Гора“ и поради наводното присуство на еден од водачите на криминалните кланови во Црна Гора.

Според нашите оперативни сознанија, водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер, се наоѓа во Црна Гора а, спротивно на сите правила на професијата и одговорниот однос, безбедносна проценка, која неколку пати ја побаравме од службата домаќин на состанокот во Црна Гора, не ни беше доставена“, објави БИА.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе