Вести Македонија Најважни

На одбраната не и беа презентирани докази за основано сомневање – адвокатката на Богоев најави жалба на притворот

  Адвокатката на поранешниот директор на Царината Стефан Богоев утре ќе поднесе жалба на одлуката за притвор. Таа потврди дека понудиле и гаранции, но Судот ги одбил.
Во однос на сомневањата за злоупотреби на тендер во Царината рече дека на одбраната не и биле никакви докази.
„Не очекувавме таква одлука особено што станува збор за предмет којшто е од финансова природа, а не насилен криминал. Ние понудивме гаранција, понудија и другите бранители за другите осомничени. Мислам дека во комбинација со другите мерки на претпазливост можеше да обезбеди присуство на осомничените. Токму на тие околности ќе се однесува жалбата, ќе ја поднесеме утре.

На одбраната на денешното рочиште не ѝ беа презентирани никакви докази во насока на постоење на основано сомневање. Само нѝ беше соопштено дека докази според обвинителството постојат“, рече  адвокатката на поранешниот директор на Царината Стефан Богоев, Сања Алексиќ.
Обвинителката на ОЈО ГОКК, Искра Хаџивасилева претходно рече дека ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, и нагласи дека нивните проценки во моментот го оправдуваат барањето за притвор. Притворот се бара поради опасност од бегство и да не се влијае на сведоците.

Стефан Богоев е осомничен за местење на тендер на Царината од 300.000 евра и за примање мито од 1800 евра

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Тајната служба го советува Вучиќ да не патува во Црна Гора: Се плашат од мафијаш кој јадел ќебапи од човечко месо

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе