Вести Македонија Топ вести

Опаѓа капацитетот на белите дробови кај децата од Скопје, некои од нив цел живот ќе се борат со астма

Најмладите и нивното здравје се првите индикатори кои ни откриваат дека нешто се случува со животната средина.

Според едно истражување направено пред повеќе години децата во Скопје, поради загадениот воздух , имаат 20 до 30 % помал капацитет на белите дробови во споредба со врсниците од другите делови на државата.

Детето после раѓањето почнува да го гради и зајакнува имунолошкиот систем и вие кога имате енормно загадување не му ја давате таа шанса, вели доктор Димовска. Со депонирањето на овие токсични материи во организмот се намалува функцијата на имунитетот и тоа најчесто кај децата под пет години.

„Децата родени во вакви услови и понатаму во животот  белодробните капацитети им се намалени, меѓутоа и самиот раст и развој на белите дробови. Никогаш не можат да постигнат максимална големина како нивните врсници што живеат да кажеме во условно незагадени средини. Сегашните студии го докажуваат овој факт, бројни епидемиолошки студии дека никогаш нивните бели дробови не достигнуваат максимален раст и функција“ – смета Димовска. 

Во моментов капацитетите на детската болница Козле се исполнети. Загадениот воздух е значаен ризик фактор за влошување на состојбата на белите дробови и респираторни инфекции кај најмладите.

„Ефектите на аерозагадувањето се непосредни и можат да бидат и долгорочни. Да ја влошат хроничната белодробна состојба, која постои кај некои деца, но може да доведат понатаму и до хронично заболување на белите дробови како астмаИма голем наплив на пациенти, така што дневно имаме прегледи од 150 до 200 во тек на 24 часа“ – смета д-р Ивана Арнаудова –Даневска, педијатар во ЈЗУ Институт Козле.

Загадениот воздух влијае безмалку на сите органи, пред се на крвните садови, на мозочниот систем и кога се развива кај малите деца, па до повозрасните каде што може да дојде до мозочен удар, па дури го напаѓа и ендокринолошкиот систем, велат лекарите.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Повеќекратно убиство со нож во Илиноис, мотивот е непознат

Дејан Дејан

Пронајдени се телата на двајца работници кои загинале при уривањето на мостот во Балтимор

Дејан Дејан

И мавровските мечки ја спасуваат фотељата во ЦУК, смета Стојанче Ангелов кој “прелета” во старо-новото политичко јато и најави дека со музика и фрлање камен ќе замине од функцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе