Вести Економија Македонија Најважни

ММФ со лоши прогнози за светската економија – 1/3 од светот ќе биде во рецесија во 2023 година

2023 година на економски план ќе биде потешка од претходната 2022 година, а дури третина од државите во светот ќе влезат во рецесија, предвидуваат експертите од Меѓународниот монетарен фонд.

Дури и во оние држави кои ќе успеат да ја одржат економијата и растот и ќе ја избегнат рецесијата, ќе има последици коишто ќе ги почувствуваат нивните граѓани.

Прогнозите на ММФ се базираат на забележаното забавување на најголемите светски економии – САД, Европската унија и Кина. Војната во Украина, заедно со зголемените цени и пандемискиот период кој е зад нас се главните рецесиски фактори.

„Очекуваме една третина од светската економија да биде во рецесија. Дури и во земјите кои не се во рецесија, стотици милиони луѓе ќе го имаат тоа чувство. САД се најотпорните и би можеле да избегнат рецесија. Гледаме дека пазарот на трудот таму е сè уште доста силен. Европа нема да ја избегне рецесијата, а во САД е на самиот праг“ изјави директорката на ММФ, Кристалина Георгиева. 

Колку Македонија ќе биде погодена од претстојните економски текови засега никој точно не може да предвиди.

Прогнозите на НБМ се дека годинава инфлацијата ќе биде околу 7,2 отсто што е далеку пониско од моменталните речиси 20 отсто. Оттаму сметаат дека засега не постои опасност од влез во краткорочна рецесија, но она што е клучно – стапки на економски раст од 4 отсто и инфлација од само 2 процента, може да се очекува дури за три години.

Според последните објавени податоци од страна на Државниот завод за статистика, инфлацијата за ноември изнесува 19,5 проценти, а пораснале и трошоците на живот за 0,5%. Во декември месец, Народната банка минатата година осумпати ја зголеми и каматната стапка која во моментов изнесува 4,75 отсто, а од која зависи како се движат каматите на кредитите и депозитите на граѓаните.

Предвидувањата се дека растот на каматите и на кредитите ќе продолжи, но поместувањата нема да бидат големи.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе