Вести Македонија Најважни

Синот на Али Ахмети влегува во бизнисот со струја

Популарноста на kичевски Зајас не само што не бледнее туку одново е центарот на револуционерни идеи. Неговиот татко родум од ова мало населено место ја предводеше ОВК, сега ДУИ, а е и протагонист на зелената агенда на неговата партија. Синот Шкумбин Ахмети исто е зелен, и тоа преку еколошкиот пристап во енергетиката. Овој месец отворил фирма за производство на струја,  од синоќа и формално влегува во иновативниот бизнис со соларна енергија.

Како што објави информативниот протал Фактор.мк, веќе е запишано и во Централниот регистар, Шкумбин Ахмети од Зајас е одговорното лице на Друштвото за производство, трговија и услуги „Тхеас Енергу ДООЕЛ“. Сопственик на претпријатието кое извршило упис во изминатите денови е друштвото за консалтинг, посредување, проектирање, инжинеринг и услуги „Архитектас Пројоект Студио“ од Зајас, исто во сопственост на помладиот Ахмети. Тој е единственотото вработено лице, а за основањето на фирмата вложил 16 илјада евра.

За синот на Али Ахмети практично нема никакви информации во јавноста. Единствено е познато дека е архитект кој дипломирал на тетовскиот универзитет и дека не покажал никаков интерес за политика, но на социјалните мрежи често споделува содржини со активности на политичката кариера на неговиот татко.

Тој е прв во Зајас, но каска зад синовите на политичката елита. Во бизнис со струја и сканадали од одамна е вплеткан синот на сопартиецот на Ахмети, Муса Џафери. Најмлад од друштвото деца и роднини на политичари кои сакаат да произведуваат електрична енергија е синот на Зоран Заев. Душко Заев на 18 години одлучи да произведува струја, додека неговиот чичко Вице Заев поседува компанија за трговија со овој енергенс. Овој месец интерес за изградба на фотовоалтаична централа од најмалку милион евра најави фирмата на сопругата на премиерот Димитар Ковачевски.

Иако владата најави одлучна борба против корупцијата, од портир до министер, а сигнал испрати и стратешкиот партнер САД, делегирајќи тим за санкции сѐ уште нема реакција за вработувањето во владина агенција на сопругата токму од министерот задолжен за секторот зелена електрична енергија, Крешник Бектеши.

Инаку изминатите денови операторот за пренос на електрична енергија МЕПСО објави дека во изминатиот период добил барања од инвеститори за изградба на фотоцентрали и ветерници со капацитет од неверојатни 8.000 мегавати за кои инвестиции најавиле стотици фирми од земјата и странство.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јавните служби и установи, УЈП и извршителите, најголема главоболка за граѓаните

Дејан Дејан

Со дигитализирани и поврзани институции има поефикасна борба против корупцијата и подобри услуги кон граѓаните

Дејан Дејан

Пожарот над  Битола е под контрола, но се уште има неколку активни жаришта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе