Вести Македонија Најважни

Колку пари ќе плати Министерството за здравство заради раскинат договор со фирмата која требаше да го гради новиот Клинички центар?

Ниту на повидок не е разрешница на спорот помеѓу Министерството за здравство и италијанската фирма којашто требаше да го гради новиот Клинички центар. Ќе се почека за одговорите, велат од Здравство.

Таков огромен проект со години е најавуван од повеќе министри во ресорот. Договорот со компанијата го потпиша Тодоров во својот мандат, а потоа Филипче го раскина.

Здравствените власти уште пред два месеца информираа дека се разгледуваат можностите како да се надмине спорот и да не се платат пенали во износ од осум ипол милиони евра или барем да се намали сумата со тоа што би се избегнало плаќање на заостаната камата.

Во меѓувреме, лопатите мируваат, никој не знае датум дали и кога ќе се поместат работите од „статус-кво“.

„Во врска со вашето прашање, информираме дека сѐ уште се очекува одговор од адвокатскиот тим на италијанската компанија. Како што веќе најави министерот Сали, станува збор за процедура што ќе потрае подолг период. По добивање конкретни информации од нивна страна, јавноста навремено ќе биде информирана“ велат од Министерството за здравство во одговор за Телма.

Иако сите досегашни предводници на здравствениот систем се согласни дека нов и модерен Клинички ќе ги реши проблемите како бавна дијагностика, ненавремен третман, но и хаосот и метежот кој се случува во постоечкиот центар – досега ниту еден не успеа да го оствари ветувањето за нов објект. Актуелниот министер за здравство, Беким Сали и самиот кажа дека изградбата на нов Клинички центар останува приоритет за него, но засега има многу недоречености – почнувајќи од локацијата каде што би се изградил таков еден грандиозен објект.

Пред десетина дена Сали најави и тематска владина седница на која Министерството ќе побара овластување од Владата, за да продолжи во втората етапа, во делот на финансирање и организирање на процесот. Телма праша дали се одржал таков состанок на највисоко ниво, но засега нема одговори.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе