Вести Магазин Свет

ФОТО: Туристите за Божик се враќаат во родното место на Исус, воскресна и туризмот во светата земја

Божиќниот бизнис засега не цвета во Витлеем, родниот град на Исус Христос. Но како и во христијанската догма, туризмот воскресна оваа година, навистина воскресна по две години сериозна криза поради пандемијата на COVID-19.

Надежта на туристичките работници во Витлеем е дека 2023-та ќе го зголеми бројот на посетители. Произведувачите на сувенири поврзани со религијата изработуваат многу повеќе производи, а се почесто користат маслиново дрво за божикните подароци од татковината на религиите.

-Очекуваме дека во 2023-та ќе имаме бум на посетители. За Божикните празници, сите хотели се пополнети и букирани 100 проценти. По короната сите сакаат да се вратат во Светата земја и да не посетат нас, но и црквата на раѓањето, џамијата Ал Акса, античките локалитети, вели Елиас Арја, шеф на хотелската асоцијација на Витлеем.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе