Познатиот тениски тренер Ник Болитиери почина во 91-та година од животот. Како што пренесуваат американските медиуми, Болитиери починал по долга борба со тешката болест.
Од Болитиери, со емотивни пораки преку социјалните мрежи, се простуваат бројни тениски имиња кои минале низ неговата позната Академија на Флорида.
Италијанско-американски стручњак во кариерата тренираше бројни тениски легенди како Андре Агаси, Моника Селеш, Марија Шарапова, Мартин Хингис, сестрите Серена и Вилијамс, Џим Куриер, итн.
