Вести Македонија

ЈСП ги префрли автобусите во Транспортен центар по најавената блокада на приватните превозници

Откако приватните превозници најавија дека утре своите возила ќе ги паркираат пред централата на ЈСП, јавното претпријатие своите автобуси чии линии тргнуваат од централата во Автокоманда ги префрли во Транспортниот центар под Железничка.

Уште пред еден месец започна хаосот со јавниот превоз во градот. Тогаш вработени во ЈСП протестираа заради неисплатени плати. По нив, приватниот превозник „Макекспрес“ поради долг прекина со работа. Приватните превозници „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ во Скопје функционираат со 15 автобуски линии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Централизација на градежна инспекција, видео мониторинг на градилишта и задолжителен депозит од инвеститорите најави Ѓорѓиевски

Tea Dimkovska

Скопје домаќин на регионален самит за дигитална трансформација на Западен Балкан

Tea Dimkovska

Ѓорѓиевски: Во Скопје ќе бидат поставени 2.600 нови контејнери, градот го враќаме во нормала

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе