Вести Македонија Најважни

Стојка Нацева-Фуштиќ и Виолета Клисаровска назначени за в.д. директори на Детската клиника и на Онкологија

Докторка Стојка Нацева-Фуштиќ и докторка Виолета Клисаровска се новите директори на Клиниката за детски болести, односно Клиниката за радиотерапија и онкологија. Новоназначените директорки се именувани како вршители на должност до именување на медицински директор, по распишување конкурс, но не подолго од шест месеци.

Нивното назначување следи по разрешувањето на професорка докторка Аспазија Софијанова и доктор Никола Васев кои ги депонираа своите оставки на функциите до Министерството за здравство (МЗ) по барање на министерот Беким Сали.

Според сознанија на Телма ТВ, нивните оставки се побарани поради непочитување на колективните договори и други забелешки направени од надзорот на Фондот за здравствено осигурување кој, исто така, беше побаран од министерот Сали.

Според информациите од МЗ, ова е само почетокот на сите ревизии што ќе се изврши во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“..

Во меѓувреме министерот Сали го разреши од функцијата и организацискиот директор на Клиниката за детски болести Аљајдин Мемеди, пред истекот на времето за кое е именуван поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на оваа клиника.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе