Вести Македонија Најважни

Приведен па ослободен Никола Николовски, осомничен во врска со заканите за поставени бомби во скопските средни училишта

Полицијата вчера го приведе, а ноќеска го ослободи 23- годишниот Никола Николовски, уредник на Идеолошкиот и аналитички центар Conservative.mk,  осомничен дека е поврзан со заканите за поставени бомби во повеќе средни училишта. По разговорот и претресот во неговиот дом, од полицијата утврдиле дека Николовски нема врска со заканите, а го поврзале со нив зашто сторителите на меиловите  до училиштата го ставиле неговото име и презиме и телефонскиот број.

Со лицето е извршен службен разговор. Во координација со Јавното обвинителство извршен е претрес во домот, одземени се предмети за вештачење и се превземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од мвр.

Дека Николовски не е поврзан со заканите за бомби во средните училишта вчера вечер реагираа од Conservative.mk. Од таму го опишаа како општествено одговорен граѓанин, активист вклучен во борбата против дезинформациите и лажните вести и дека со гордост ја претставувал Македонија на меѓународни настани, конференции и во Европскиот парламент.

Од минатата недела до вчера, скопските средни училишта 4 дена беа мети на лажни закани за поставени бомби. Според директорот за информативна безбедност во „ Сорсико“, честите закани го трошат и го заморуваат системот. Може да се од ученици кои ги праќаат од различни причини и колку почесто се повторуваат , толку полесно сторителите ќе бидат пронајдени. Но, заканите не треба да се игнорираат.

Би сакал да дадам како апел до сите, е да не станеме десензитивизирани, да не станеме бесчувствителни на ваквите настани. Е, сега повторно има бомба, ајде никому ништо. Мораме да бидеме свесни дека ова треба да се адресира на правилен начин, секогаш. Дисциплината е добра да ја имаме, вели директорот божидар спировски.

Поради заканите за поставени бомби, средношколците кои одат во втора смена 4 дена губеа настава поради проверките на антитерористичките тимови од МВР. Но, сеуште не се откриени сторителите. Во изјава за МИА,  професорката по социологија Татјана Стојаноска- Иванова вели дека институциите треба сериозно да ја сватат задачата, за да се врати довербата на младите во системот.

Тоа што исто така е важно е оној аспект на неизвесност при секое заминување во училиште, бидејќи не се случиеднаш. Сепак, се работи за малолетни деца, иако има и матуранти, тие се група на индивидуи кои сè уште не се морално и вредносно изградени и на самото тоа се надоврзува и другиот аспект, во контекст на довербата и односот кон институциите на системот, изјави татјана стојаноска – иванова, професорка по социологија.

До сега најмногу 9 средни училишта добија лажни закани за поставени бомби. Заканите доаѓаа од меилови во кои пишуваше дека причините се одмазднички.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе