Вести Македонија Најважни

Владимир Дробњак за Телма: 2030 е амбициозен, но не и недостижен датум за полноправно членство во ЕУ

Преуранет и амбициозен датум. Вака главниот преговарач на Хрватска за членство во Европската унија, Владимир Дробњак, во интервју за Телма ја коментираше 2030 година, како година која македонската влада ја постави како рок за полноправно членство на земјава во Унијата.

Сепак, според Дробњак, некаков рок мора да се даде и засега тој не гледа причина 2030 година, како таква, да се менува.

Владимир Дробњак кој од македонската влада е ангажиран како консултант во процесот на преговорите на земјава со Унијата, во интервјуто дава проценка за моменталните капцитети на македонската администрација за преговорите, но и што треба да се прави во иднина.

Според него новата методологија по која преговара земјава се уште е непознаница, но оти тоа нужно не значи и потешкотии.

Инаку Дробњак на чело на хрватскиот преговарачки тим беше за целиот период на преговорите за членство на Хрватска, а за кој тим тој вели дека многу малку се менувал кадровски, 30 проценти од луѓето во тимот не биле од државната администрацијата и оти само на една рака се броеле странските советници.

Интервју го водеше Тамара Грнчароска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екоорганизации бараат Владата итно да ги повлече концесиите за геолошки истражувања во 27 општини – предупредуваат дека се крши законот за минерални суровини

Tea Dimkovska

Расте интересот на читателите за класиците

Дејан Дејан

Левица: Пропадна можноста за суштински изборни реформи, ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони евра за политичка пропаганда

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе