Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Луѓето сѐ уште се плашат да пријавуваат корупција, законот слабо се применува

Искуствата од минатото или недоволната заштита од државата, се само некои од причините заради кои луѓето се воздржуваат од пријавување корупција. Законски регулирани како укажувачи, оние кои забележуваат и сакаат да пријават некоја системска аномалија, често не се одлучуваат да го направат тоа, нотираат антикорупционерите. Од пред шест години е донесен Законот за заштита на укажувачите, но регистрирано е само мало подобрување во однос на примената.

„Системот не подготвил, не обезбедил поддршка ниту за укажувачите, ниту за тие што ги примаат пријавите, а ниту пак се потрудил тој систем да се воспостави. Ние имаме закон ама немаме систем за заштита на укажувачите. Еден случај имаме идентификувано од почеток до крај, којшто беше презентиран неколку пати.“

Антикорупционерите забележуваат дека државата недоволно се грижи за правилна примена на Законот за заштита на укажувачите. Од Антикорупциска комисија лоцираат каде е главниот проблем на укажувачите.

„Исто така, сакавме да се обезбеди поголема заштита на укажувачите, не само за работното место затоа што луѓето најмногу се плашат да не го изгубат истото. Не само за работно место туку и за сите други ризици по живот на оние коишто пријавуваат.“

Законот за заштита на укажувачите стапи на сила на 18 ноември во 2015 година, а започна да се применува на 18 март во 2016 година. Во годините потоа, само 43 пријави пристигнале до надлежните, а првите укажувања на адреса на институциите пристигнале дури во 2019 година.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Превртен автомобил наопаку сообраќајка на Партизанска

Дејан Дејан

Пронајден пестицид во зелка од Македонија на границите на Хрватска

Дејан Дејан

Мицкоски се кити со туѓи перја- 90% од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, вели опозицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе