Вести Македонија Најважни

Камења и јајца кон „културниот“ клуб на Бугарите во Охрид именуван по соработникот на фашистите, Царот Борис Трети

Во тензична атмосфера и со зголемено полициско присуство денеска  беше отворен бугарскиот клуб Цар Борис Трети во центарот на Охрид. Голем број граѓани се собраа да го изразат својот револт против отворање на здруженија со имиња на докажани соработници на фашизмот. Носеа транспаренти, пееја патриотски песни, скандираа и го исвиркаа настанот. Ситуацијата ескалираше кога на терасата од клубот беше развиорено знамето на Цар Борис, по што демонстрантите почнаа да фрлаат јајца и камеања кон објектот, а полицијата спречи поголем инцидент.

-Во Македoнија нема место за фашистички клуб, нека има име на неко што не бил фашист. Цар Борис бил фашист и не му е местотo тука, вели граѓанин.

-Провокативни се имињата под кои се регистрираат. Ако Цар Борис нешто им значи нека си направат таму здруженија и нека ги слават, вели друг демонстрант.

-Дојдени сме да протестираме против вакви клубови со имиња на злосторници, кои се провокација кон Македонија и македонскиот народ, велат граѓаните.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во изјава за медимите рече дека по Ванчо Михајлов во Битола и Цар Борис Трети во Охрид, ќе продолжат обидите за ревидрање на македонската историја, поради што ќе бараат измени во Законот за формирање здруженија.

Ова што се случува е силување на македонскиот народ  и антифашистичкото минато преку наметнување на вреднсоти на Третиот Рајх. Затоа уште денес пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за измени на Законот за здруженија и фондаци со кои, не само што ќе се спречи формирање на вакви клубови, туку ќе може да се реагира за веќе постојните за кои власта на СДСМ дозволила да се формираат и е нивни соучесник, рече Рашела Мизрахи пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Министерството за правда соопштија дека работна група веќе работи на изготвување на нов закон за здруженија кој до крајот на октомври ќе биде ставен на увид на јавноста за забелешки и сугестии. Од клубот Цар Борис Трети пак велат дека случајот е исполитизиран а тие не се фашисти.

Ние сме почитувачи на ликот и делот на Цар Борис Трети. Пред една година го отворимве здружението со сите документи, со цела почит кон државата, институциите и законите. Скоро после една година почна да се политизира ова и се крена глас против нас. Ние се оградивме и немаме никаква соработка со фашистички движења. Доколку имаме нека нѐ судат, изјави Томе Блажевски, претседател на здружението Цар Борис Трети – Охрид.

И за клубот „Цар Борис“, како и за „Ванчо Михајлов“ во Битола, по кривични пријави од Левица и група граѓани, обвинителството отвори предмет за да испита како се регистрирани и како функционираат овие здруженија.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екоорганизации бараат Владата итно да ги повлече концесиите за геолошки истражувања во 27 општини – предупредуваат дека се крши законот за минерални суровини

Tea Dimkovska

Расте интересот на читателите за класиците

Дејан Дејан

Левица: Пропадна можноста за суштински изборни реформи, ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони евра за политичка пропаганда

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе