Вести Македонија Најважни

Бектеши и Ковачевски на состанок за набавка на природен гас

Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски денеска треба да одржат состанок со една од компаниите за набавка на природен гас што ја посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.На состанокот кој ќе се одржи надвор од земјава, ќе присуствува и Виктор Андонов, советник за енергетика на премиерот.

Како што рече министерот Бектеши во синоќешното телевизиско гостување, се очекува конкретна понуда од компанијата. Ќе се разговара за детали, а јавноста ќе биде информирана и за понудата и за тоа како течеле преговорите.Од македонска страна се пратени количните и потребите, вклучувајќи ги и потребите на ТЕ-ТО.

-На состанокот ќе разговараме за детали, имајќи предвид дека ако има таков договор и ако деталите, условите, понудата генерално е прифатлива за ЕСМ, тоа треба да го направи ЕСМ со трговец со природен гас. За да се подготви состанокот, од наша страна се пратени и количните и потребите на Северна Македонија, вклучувајќи ги и потребите на ТЕ – ТО која произведува електрична енергија, а воедно како нуспроизвод произведува и топлинска енергија, генерално за да бидат информирани граѓаните точно, околу 60 отсто од топлинската енергија за потребите на град Скопје кога работи во базен режим се произведува од ТЕ-ТО која и намалува после трошоците на другите топлани, „Исток“ и „Запад“ информира министерот.

Според него, со другата компанија посочена од опозицијата за набавка на мазут, состанок би требало да се одржи до крајот на оваа недела.

ЕСМ вчера соопшти дека обезбеди гас до крајот на октомври, како и дека грејната сезона во Скопје ќе почне на 15-ти овој месец.

Енергетската криза е во фокусот и на македонските разговори во Прага каде се одржува првиот состанок на Европската политичка заедница.Премиерот Димитар Ковачевски кој во Прага е заедно со министерите за надворешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Бујар Османи и Љупчо Николовски, беше дел од лидерската тркалезна маса посветена на енергетиката и економијата. Тој, како што соопштија од Владата, ги истакна позициите, моменталната состојба во земјава, како и очекувањата и неопходноста од соработка за надминување на енергетската криза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екоорганизации бараат Владата итно да ги повлече концесиите за геолошки истражувања во 27 општини – предупредуваат дека се крши законот за минерални суровини

Tea Dimkovska

Расте интересот на читателите за класиците

Дејан Дејан

Левица: Пропадна можноста за суштински изборни реформи, ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони евра за политичка пропаганда

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе