Двајца вештаци од Институтот за судска медицина на прашања на обивнителот и адвокатите објаснуваа како настанала смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот и кои се клучните причини кои довеле до смртиот исход.
Доколку ја немал повредата на ‘рбетниот мозок и ги имал другите повреди, би имал многу поголеми шанси да преживее, отколку кога би ја имал повредата на ‘рбетниот мозок“ рече вештакот Александар Станков. Тој не верува дека со таа повреда на ‘рбетниот мозок некој ќе го спасел
Денис Тот имал повеќе повреди на главата дел директно добиени од удари дел од самиот пад на земја откако бил удрен со бокс но најкритична за неговата смрт е повредата на горниот дел од рбетниот мозок која настанала од ударите по главата додека ракометарот лежел паднат на земја. Ова го констатирал вештакот Александар Станков-директор на институтот за судска медицина,
-Смртта настанала поради нагмечување на големиот мозок и нагмечување на ‘рбетниот мозок. Меѓутоа, како критична повреда за смртниот исход, врз основа на целокупната клиничка слика, е повредата на почетниот дел од ‘рбетниот мозок. Нагмечувањата на големиот мозок на челната регија настанало поради дејствување на сила на тилната регија како резултат од падот, додека повредата на почетниот дел од рбетниот мозок настанала поради ротационите движења на главата настанати од удари во главата. Доколку ја немал повредата на ‘рбетниот мозок и ги имал другите повреди, би имал поголеми шанси да преживее, рече Станков пред судот.
Слично објаснување за тешките повреди кои довеле до смрртта на Тот даде и вештакот Рената Јанков од Инситутот за судска медицина.
На прашањата на одбраната дали доколку бил под дејство на алкохол ке влијаело врз исходот, Јанкова објасни дека тоа не било испитано додека можело да се утвдри и поради тоа не сакаше коменментира хипотетички ситуациии со бјаснување дека е форензичар и вештачи врз основа на докази.
На прашањата на адвоките Директорот на судска одговори дека лекарите интервенирале навремено но ниту со побрза интервенција не би можел да биде спасен со таква повреда на рбетниот мозок.
Тие беа вкрстено испрашани и од одбраната на обвинетите во однос на подробни прашања во врска со наводите од извештаите за вештачење и обдукција, а обвинетиот Анџело праша дали е утврдено од кој тапотврд удар е доведено до ротација на главата и повреда на рбетниот мозок.
– Не можеме да го конкретизираме. Ние можеме да знаеме само тоа што ќе го видиме и да ги знаеме механизмите, тоа е во доменот на нашата струка, одговори вештото лице од Судска медицина Рената Јанкова, дополнувајќи дека ако можело да се утврди, вештите лица би се произнеле по тоа.
Одбраната на Левковска смета дека квалификацијата на кривично дело „убиство“ кое ѝ се става на товар на обвинетата е неосновано.
– Ние ја браниме дека го нема направено кривичното дело што ѝ се става на товар, изјави адвокатот Бојан Василевски.
Одбраната не сакаше да ги коментира тврдењата на вештите лица и посочи дека во вештачењето стои дека е друга причината на смрта.
– Тврдењето и вештачењето на денешните излагања на вештите лица се релативизира откако им беше предочено дека во вештачењето има друго напишано. Се релативизира како е настаната таа повреда, имаме уште две лица за испрашување, ќе видиме понатаму, изјавија адвокатите Бојан Василевски и Емил Гугутчески.
Убиството на ракометарот се случи на 8 април пред дискотека во градскиот парк. Обвинети се Анџело Ѓоргиевски (28), Клементина Левковска (19) и Андреј Костовски (19). Тројцата негираа вина за убиство.
Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар на првото рочиште изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.
Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Обвинението ги товари дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.
– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, стои во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.
Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска. Наредното рочиште е закажано за 3-ти октомври.
Елена Ивановска Мукоска
