Светските лидери ќе се соберат во Њујорк на Генералното собрание на ОН.
По пандемијата од Ковид 19 годинава за прв пат се очекува тие да се соберат во салата во Њујорк. На овогодинешниот состанок светските лидери ќе се соочат не само со светската економија која сè уште се опоравува од КОВИД, туку и со најголемата војна во Европа во последните децении и нејзините ефекти врз светското снабдување со храна, климатските промени и иднината на Обединетото Кралство.
На 77то Генерално собрание на ОН ќе присуствува и владина делегација од земјава предводена од премиерот Димитар Ковачевски.
Премиерот Ковачевски ќе се обрати на Самитот на ОН за трансформација на образованието.Ковачевски ќе се осврне на заложбите на Република Северна Македонија и на конкретните чекори преземени во насока на трансформација на образованието на државно ниво, со цел обезбедување квалитетно и достапно образование за сите, соопшти владината прес-служба.
