Првата смена на министерска позиција во кабинетот на Димитар Ковачевски нема да биде поради коалициски поместувања во владата туку поради оставката што ќе ја достави лидерот на ЛДП, Горан Милески. Тој потврди дека оставката од лични причини ќе ја поднесе од понеделник.
-После 3 години извршување на функцијата мислам дека е време да се повлечам и на мое место да дојде друг кадар од ЛДП. Во моментот интензивно разговараме со неколку личности кои сметаме дека се соодветни, успешно да го водат ресорот локална самоуправа, ни одговори Горан Милески, министер за локална самоуправа и претседател на ЛДП.
До Владата не е поднесена оставката, информираа од прес службата на Илинденска.
Се уште не е одлучено дали Милески ќе се кандидира за нов трет мандат за претседател на ЛДП. Тој најавува дека на конгресот во декември ќе се одлучи заеднички во ЛДП сок ои кадровски решенија ќе продолжи партијата.
Пратеничката од ЛДП Моника Зајкова изјави дека партиското раководство е во постојана комуникација, соработуваат и разговраат за идни решенија.
На нашето прашање дали тоа што Милески имаше понаков став од двајцата пратеници на ЛДП за францускиот предлог доведе до раздор во партијата, Зајкова вели дека либералдемократите се демократска партија во кое секој има право на свое размислување.
Се почесто Зајкова се спомнува како можен кандидат за иден претседател на ЛДП. Милески ја водеше партијата од 2015-та година. На ланските локални избори, Милески се кандидираше за градоначалник на Битола наспроти коалициониот партнер од СДСМ кој изгуби во овој град
Миомир Серафиновиќ
