Вести Македонија Најважни

Одбиена иницијативата за референдум, за ВМРО-ДПМНЕ одлуката е неоснована, СДСМ ја поддржува

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, образложувајќи дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека иницијативата е во сoгласност со чл.24 од Законот за референдум и порачаа дека Џафери нема основа да ја отфрли, додека од владејачката СДСМ ја поддржаа одлуката на Џафери поради тоа што и тие ја сметаат за неуставна

Од ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на Џафери порачаа дека иницијативата за распишување референдум што ја поднесоa не е противуставна.

-Претседателот на Собранието Талат Џафери ниту има право да ја толкува, бидејќи тоа е надлежност на Уставниот суд, ниту пак има основ да ја отфрли, рече на прес-конференција Дафина Стојановска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието.

Стојановска нагласи дека со иницијативата не се бара менување на меѓународен договор, туку престанок на неговата важност. Со одлуката да се одбие иницијативата, како што рече, власта прави правни гимнастики за да избегне народ и да го избегне неговиот став за договорот. Спорен е и фактот, посочи, што претседателот на Собранието Талат Џафери денеска противправно си ја доделил улога на уставен судија.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски на прес-конференција рече дека  ја поддржуваат одлуката на претседателот на Собранието да ја одбие иницијативата поради тоа што, како што велат, е неуставна бидејќи согласно Уставот меѓународен договор не може да се поништи со закон.

Договорот може да го раскине само тој што го потпишал, во случајот Владата, а тоа да ја извести другата страна. Ако ВМРО-ДПМНЕ победи на избори и формира Влада, тогаш може да го раскине Договорот, рече Митревски на прес-конференција по отфрлањето на иницијативата.

За спроведувањето на референдумот ВМРО-ДПМНЕ вчера доби парламентарна и теренска поддршка од Левица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе