Вести Македонија Најважни

Гоце Делчев и учебниците по историја тема на состанокот на мешовитата комисија

Без изјави за медиумите, но со помалку цинично смеење од страна на копретседавачот на Комисијата за историски прашања од бугарска страна, Ангел Димитров, на новинарското прашањето дали ќе се откажат од утврдување на етничкиот идентитет на Гоце Делчев, бугарските историчари утрово пристигнаа во МНР на 20-от состанок на мешовитата историска комисија.

Комисијата која денеска и утре ја има првата средба по потпишувањето на вториот  Протоколот за спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија, се очекува на неа повторно да го актуелизира прашањето за историската улога на Гоце Делчев, тема која беше ставена под мраз поради инсистирањето на бугарските историчари Комисијата да го уврди етничкиот идентитет на Гоце, што за македонскиот тим е неприфатливо. Според македонската страна не е работа на историчарите и на Комисијата да утврдува етнички идентитети на историски личности, туку нивната истириска улога и значење за двете земји.

Освен Гоце Делчев на дневен ред, како што дознава Телма, е и содржината на два учебника по историја од седмо оделени од макеондксиот образовен систем, и три учебника од шести клас во основното образование во Бугарија. Анализите и дискусиите, а со тоа и предлозите за препораки за нив, брифираат од Комисијата за Телма, се прават врз основа на состојбите во сите учебници поединечно за секоја држава.

Инаку македонскиот дел од Комисијата по речиси една година, денеска и утре ќе настапи во полн состав од седум члена откако од минатата година по повлекувањето на историчарот, Ванчо Ѓорѓиев, од неа работеше со шест члена. Новиот член на македонскиот тим е Димитар Љорковски, кој доаѓа од Институтот за национална историја чија област на експертиза се и Националните движења на Балканот  во XIX и почеток на ХХ век.

Тамара Грнчаровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украинците објавија снимка од апсење на руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе